24фудбал

„Јас да завршев на четврто место, Абрамович ќе ме испратеше на Сибир!“

Поранешниот тренер на Челси, Аврам Грант вели дека сегашните стандардите на Стемфорд Бриџ не се исти со тие од неговото време, додава дека за финиш на четврто место, како казна ќе бил испратен на Сибир.

Англија

Френк Лампард пред почетокот на сезоната седна на жешкото столче во Челси и ги предводеше „сините“ до топ четири пласман и финале во ФА Купот. Со оглед на тоа дека е обезбеден настан во Лигата на шампионите, многумина сметаат дека сезоната е прилично успешна.

Сепак, со ова не се сложува Аврам Грант, кој беше директор за фудбал во Челси а во 2007, по заминувањето на Жозе Мурињо, го превзеде кормилото на првиот тим. Тој донесе второ место во Премиерлигата, играше и финале во Лигата на шампиони (каде загуби од Манчестер јунајтед) но набрзо беше заменет со Луиз Фелипе Сколари.

Тој признава дека Френк Лампард завршил добра работа, но додава дека сегашните стандарди на Стемфорд Бриџ не се исти со тие од неговото време.

„Мислам дека сезоната е добра, особено како започна, односно фактот дека Челси не можеше да купува играчи“ – вели Аврам Грант.

„Но во споредба со барањата кои ги имаше Роман Абрамович пред десетина години, доколку му кажев дека финиш на четвртото место е добро, веројатно ќе ме испратеше во Сибир“.

„Сепак, во моментов мислам дека е добар резултат, големо постигнување за Френк, кој заврши добра работа“,