24фудбал

Осимен стана најскап трансфер во историјата на Наполи, медиумите не можат да се „договорат“ за точната бројка

Наполи конечно го потврди трансферот на Виктор Осимен, 21 годишниот Нигериец стави потпис на петгодишен договор со опција за додатни 12 месеци.

Италија

Крај на сагата, Виктор Осимен стана најскап трансфер во историјата на Наполи. За зделката се пишуваше со месеци, во еден момент се говорше дека нема да се реализира, за потоа да следува промена на агенти и посредници и преговори од почеток, и оваа недела конечно да се испеглаат сите детали.

Попладнево пристигна официјалната потврда, најпрво Аурелио Де Лаурентинс на Твитер напиша, „Добредојде Виктор“, за потоа да се огласи и самиот играч, „Со нетрпение чекам да го облечам овој иконски дрес, ви благодарам за топлиот пречек“.

Соопштение беше испратено и од страна на Наполи: „Задоволни сме што можеме да соопштиме дека го ангажиравме Виктор Осимен од Лил“.

Според пишувањата на медиумите од Италија, се работи за трансфер од 50 милиони евра, плус додатни 10 милиони во бонуси. Но според пишувањата на медиумите од Франција, се работи за трансфер од 81 милион евра во кои се вклучени и бонуси.

За Лил ова е уште една одлична зделка, тие минатото лето го купија Виктор Осимен за 12-14 милиони евра од Шарлроа, а сега го продаваат најмалку 4 пати поскапо,