24фудбал

ПСЖ преку пенали до трофејот од Купот на Франција (ВИДЕО)

ПСЖ го освои и четвртиот трофеј оваа сезона откако по подоброто изведување на пенали го совлада Лил и го освои Купт на Франција, во регуларниот дел мечот заврши 0-0.

Франција

Иако и двете екипи имаа свои шанси и свои периоди, мрежите мируваа во текот на 120 минути игра па пеналите мораа да го решаваат победникот.

Во првите пет серии никој не промаши, и двете екипи беа максимално прецизни. Во шестата Траоре не реализираше за Лион, а Сарабија погоди за ПСЖ по што големата радост можеше да почне.

Ова е четврти трофеј за ПСЖ оваа сезона, претходно ги освоија Лига 1, Лига Купот и Суперкупот на Франција.