24фудбал

Подобро се снаоѓа пред противничкиот гол, на Обамејанг му падна трофејот (ВИДЕО)

Пјер Емерик Обамејанг со два гола го предводеше Арсенал до триумф од 2-1 над Челси во финалето од ФА Купот, но напаѓачот не се покажа најдобро кога требаше да биде подигнат трофејот.

Англија

Арсенал по 14-ти пат триумфираше во најстарото фудбалско натпреварување, вечерва на Вембли, „топчиите“ беа поуспешни од градскиот ривал Челси.

Пјер Емерик Обамејанг одново беше играч за одлука, и со два гола се погржи Арсенал сезоната да ја заврши со трофеј и обезбеден настап во Лига Европа. Напаѓачот претходно го реши и полуфиналето, кога исто така два пати стрелаше против Манчестер Сити.

Габонецот како капитен го подигна трофејот, но очигледно во вакви ситуации не е спретен како што е спретен пред противничкиот гол, па трофејот му падна од раце а соиграчите добро му се изнасмеја.