24фудбал

Интер ја доби пресметката со Аталанта за второ место, Лацио ќе се моли Рома и Наполи да не победат во Европа (ВИДЕО)

Интер ќе ја заврши сезоната како вицешампион откако вечерва со 0-2 славеше на гостувањето кај Аталанта, Лацио ќе финишира како четврти по поразот од 3-1 на гостувањето кај Наполи.

Италија

Познат е расплетот на горниот дел од табелата, Интер со 0-2 славеше на гостувањето кај Аталанта и ја заврши сезоната како вицешампион. Д’Амброзио го отвори резултатот уште во првата минута, а Ешли Јанг убаво погоди од работ на шеснаесетникот за 0-2 по дваесетина минути игра.

Лацио загуби со 3-1 на гостувањето кај Наполи, па сега ќе се моли „наполитанците“ и Рома да не триумфирата во Европа. Има едно лудо сценарио со кое четвртото место на табелата нема да носи Лигата на шампиони доколку „волчицата“ ја освои Лига Европа а избраницте на Гатузо го подигне пехарот од ЛШ.

Милан ја потврди добрата форма со триумф од 3-0 над Каљари, додека пак Рома со 1-3 триумфираше над Јувентус во меч во кој не се играше за ништо.