24фудбал

Конте жестоко удри по раководството на Интер: Ако си слаб, тешко е да го заштитиш твојот тим и тренер!

Антонио Конте имаше многу критики за раководството на Интер, вели дека тој и играчите не биле заштитени од критиките и навести дека може да замине од Џузепе Меаца.

Италија

„Нероаѕурите“ синоќа ја совладаа Аталанта со 0-2 и финишираа како втори во Серија А со 82 бода, исто колку што беа освоени во 2010, кога Интер стигна до историската триплета.

По крајот на натпреварот, Антонио Конте реши жестоко да удри по раководството на клубот. Стратегот вели дека тој и играчите не биле заштитени од критиките и додава дека разликата со Јувентус не е само еден бод (колку што вели конечната табела) току многу поголема, особено надвор од теренот.

„Ова беше прилично напната година, особено за мене лично. Воопшто не беше лесно. Ниту мојата, ниту работата на играчите не доби соодвено признание. Исто така, не бевме доволно заштитени од клубот“ - вели Антонио Конте.

„Не ми се допаѓа тоа што сега многу луѓе се со нас, а ги немаше никаде со месеци. Треба да се со нас и во лошо и во добро, и тоа не се случи. Но разбирам, ако сте слаби, тешко е да го заштитите твојот тим и тренер“.

„Разликата со Јувентус не е еден бод, туку е многу поголема. За да се намали оваа разлилка, мораме да бидете силни на теренот но и надвор од него. Кога ќе заврши сезоната, сите ќе направиме проценки, ќе седнам да разговоарам со претседателот, кој во моментов е во Кина“.

„Имма јасни идеи и визија, пат по кој треба да одиме и што треба да направиме, секако доколку Интер сака да го сториме тоа заедно... и не зборувам за трансфер пазарот“.

„Со месеци не напаѓаа и добивме нула заштита. До пред две недели какви се не работи беа кажани за мане и момците и никој од клубот не реагираше. Мораме да бидеме силни и надвор од теренот“.

„Тука бев донесен за шампионски проект и по крјаот на сезоната ќе ги набројам сите работи кои не ми се допаѓаат, а не ми се допѓаат многу работи, особено тоа што тренерот и играчите добија нула заштита“.