24фудбал

Покетино се пишмани: Сега ако ме прашате нема да кажам дека попрво ќе се вратам да работам на фарма...

Маурисио Покетино ја пофлече фамозната изјава од пред две ипол години кога рече дека попрво ќе се врати да работи на фарма во Аргентина отколку да биде тренер на Барселона.

Шпанија

Аргентинецот е поранешен фудбалер на Еспањол, а и своите тренерски почетоци ги имаше во овој клуб, па кога во 2018 се поврзуваше со клупата на Барселона, тој реши веднаш да стави крај на шпекулациите.

„Попрво ќе се вратам да работам на мојата фарма во Аргентина отколку во Барселона“ - порача Маурисио Покетино, кој исто така ги шкртна и Арсенал и Росарио Сентрал.

Сепак, стратегот сега ја повлече оваа фамозна изјава и ја отвори вртата за преселба на Камп Ноу.

„Морам да објаснам поубаво. Таа година, бев во Барселона и се сретнав со Бартомеу (претседателот на Барселона) во еден бар. Се поздравивме бидејќи децата ни учат во исто училиште и разговаравме пет минути. Па кога новинарите ме прашаа, со драстичен потег сакав да ставам крај на шпекулациите. Не сакав да покажам непочитување кон Барселона. Да, можеби требаше да употребам други зборови“ - вели Покетино, кој сега е без работа и чека понуди.

„Сега веројатно нема да ги кажам тие зборови, во животот не знаете што ќе се случи“.