24фудбал

Конте заминува од Интер, две опции за негов наследник

Информаците од Италија велат дека Антонио Конте наскоро ќе се раздели со Интер, неговиот однос со раководството е лош и не може да се поправи, Масимо Алегри и Маурисио Покетино се негови можни наследници.

Италија

Иако Интер имаше одлична сезона завршувајќи на второто место во Серија А, од Италија стигнуваат информации дека Конте заминува.

Тој наместо да ја слави победата од 2-0 над Аталанта, на прес конференцијата распука по раководството на клубот.

Се очекува во текот на денешниот ден да имаат состанок Конте и Марота по кој многу појасни ќе бидат работите.

Но Скај Спорт Италија, Спорт Медиасет, Газета дело Спорт, Тутоспорт и Кориере дело Спорт тврдат дека штетата е ненадоместлива и двете страни нема да можат да продолжат заедно.

Годишната плата на Конте е 12 милиони евра, па се верува дека двете страни ќе најдат заеднички јазик за некое обесштетување кое нема да биде целосно, но ќе им одговара на сите.

Се шпекулира и со можните наследници на Конте, а тоа се Масимо Алегри и Маурисио Покетино.

Марота кога беше директор во Јувентус го донесе токму Алегри на местото од Конте, па приказната би се повторила доколку и овој пат се случи тоа.

Втората опција е Маурисио Покетино кој исто како Алегри во моментов е слободен тренер.