24фудбал

Барса одбила брза заработка и 60 милиони евра за играчот кој нема ниту една минута во дресот на „каталонците“

Според пишувањата на Спорт, Барселона одбила 60 милиони евра за услугите на Тринкао, младиот Португалец во јануари беше купен за 30 милиони евра и оставен на позајмица во Брага.

Шпанија

„Каталонците“ имале можност за убава заработка на трансфер пазарот од играч кој нема одиграно ниту една минута за нив. Според пишувашњата на Спорт, суперагентот Жорж Мендеш им донел понуда вредна 60 милиони евра за услугите на Тринкао, но Барселона кажала НЕ.

Клубот од Камп Ноу во јануари плати 30 милиони евра за услугите на младиот Португалец и го остави во Брага на позајмица до крајот на сезоната.

Спорт додава дека Тринкао е дел од плановите за реконструкција и подмладување на тимот па затоа биле одбиен предлогот. Весникот сепак не открива кој клуб од Премиерлигата бил подготвен да плати 60 милиони евра за 20 годишниот офанзивен фудбалер.