24фудбал

Новата сезона во Серија А почнува на 19 септември

На 19 септември ќе започне битката за следното Скудето во Серија А, сезоната треба да заврши на 23 мај 2021 година.

Италија

Денеска е одлучено новата сезона од Серија А да стартува на 19 септември а да заврши на 23 мај 2021 година.

Во меѓувреме во текот на август ќе се играат завршниците од Лигата на шампионите и Лига Европа.

Од топ лигите најрано ќе започне Лига 1, бидејќи французите одлучија да не го доиграат првенството. Тие новата сезона ќе ја започнат на 22 август.

Премиерлигата ќе започне на 12 септември исто кога и Ла Лига во Шпанија. 

Бундеслигата почнува на 18 септември, еден ден пред Серија А.