24фудбал

Манчестер јунајтед ќе го пушти Алексис Санчез за без пари во Интер, но ќе заштеди на плати речиси 60 милиони!

Неколку извори од Италија пренесуваат дека Интер и Манчестер јунајтед си подале рака за трансфер на Алексис Санчез, Чиланецот ќе продолжи на „Џузепе Меаца“ а „нероаѕурите“ нема да платат никакво обесштетување.

Англија

Од таборот на Интер изминативе денови во неколку наврати порачаа дека преговараат со Манчестер јунајтед за Алексис Санчез да остане во Милано. Медиумите шпекулираа дека „нероаѕурите“ ќе платат помеѓу 15-20 милиони евра за услугите на Чилеанецот.

Сепак, доцна вечерва неколку извори од Италија пренесоа дека двата клуба се договориле Алексис Санчез за без пари да се пресели на „Џузепе Меаца“ и Интер нема да плати никакво обесштетување.

„Ѓаволите“ се решиле на еден ваков чекор бидејќи сакаат да ја тргнат огромната плата на играчот од своите сметки. Се шпекулира дека Алексис Санчез има примања од 560.000 фунти неделно (основна плата, плус имиџ права, плус бонуси). Па со оглед на тоа дека дека тој има уште две години од договорот, клубот од Олд Трафорд ќе заштеди речиси 60 милиони фунти.

Извештаите исто така велат дека самиот Алексис Санчез се откажал од детесетици милиони евра, прифатил значително намалување на платата односно тригодишен договор и примања од 7 милиони евра нето по сезона за да продолжи да го носи дресот на Интер.