Категорија: Германија 04.08.2020 09:18
Познато е дека Баерн Минхен кога ќе се заинтересира за некој германски фудбалер, ќе го добие. Речиси да нема играч од оваа земја кој не сака да го облече дресот на Баварците.
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека клубот нема да купува други скапи фудбалери после реализацијата на трансферот на Лирој Сане.
„Сигурен сум, по ангажманот на Лирој Сане нема да има други големи трансфери оваа година во нашиот клуб“, вели Ули Хенес.
„Тоа нема никаква врска со квалитетите на Хаверц. Сите ние мислиме дека тој е многу, многу добар фудбалер. Но во период на коронавирусот не можам ниту да змислам дека по еден трансфер од речиси 50 милиони евра, ќе ангажираме уште еден фудбалер од 70-80 милиони евра“.
Ваквите информации од Ули Хенес одат во прилог на Челси кој останува фаворит за услугите на Каи Хаверц.