24фудбал

Коронавирусот спречил трансфер на Роналдо во ПСЖ?

Француските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо бил блиску до договор со ПСЖ, но преговорите биле прекинати поради пандемијата на коронавирус.

Франција

„Франс фудбал“ информира дека минатото зимо имало преговори меѓу ПСЖ и Кристијано Роналдо кои биле во напредна фаза.

Францускиот клуб сакал да создаде неверојатно напаѓачко трио од Мбапе, Нејмар и Роналдо.

Роналдо бил речиси убеден да се пресели од Јуве во ПСЖ, но со појавувањето на коронавирусот застанале преговорите меѓу двете страни.

Португалецот остана во Јуве и сега не планира трансфер во друг клуб, веќе најави дека и следната сезона ќе го носи црно-белиот дрес.