24фудбал

ЦФР Клуж ја освои титулата и најави трансфер бомба: Балотели се сели во Романија!

Марио Балотели е на добар пат да ја продолжи кариерата во Романија, медиумите шпекулираат дека Италијанецот е едно од двете големи имиња на листата со желби на ЦФР Клуж.

Останато

ЦФР Клуж синоќа со 1-3 славеше над директниот ривал Крајоа и стигна до нова титула од првенството на Романија. По крајот на натпреварт, првиот човек на клубот најави ангажман на две големи имиња со кои ќе се атакува на место во групната фаза од Лигата на шампиони.

„Целта сега е влез во групната фаза од Лигата на шампиони, ќе донесеме засилувања, ќе купиме двајца играчи. Не можам да ви откривам имиња, но едниот е еден од најдобрите голгетери во Италија“ – порача сопственикот Нелуту Варга.

По најавата за трансфер бомба, медиумите веднаш почнаа да шпекулираат дека се работи за Марио Балотели.

Проблематичниот напаѓач е во војна со Бреша по ре-стартот на сезоната во Серија А и двете страни на суд ги решаваат недоразбирањата, па јасно е дека за него нема иднина на „Ригамонти“.