24фудбал

Јувентус сакаше да го продаде, а тој стана најдобар играч во Серија А

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала е прогласен за МВП на сезоната во Серија А, за најдобар млад фудбалер е прогласен играчот со македонско потекло Дејан Кулушевски.

Италија

Пред почетокот на сезоната Јувентус сакаше да се ослободи од Пауло Дибала, но тој не сакаше да си замине, остана и не само што докажа дека тоа ќе беше погрешен потег, туку стана и најдобар играч на сезоната.

Пауло Дибала денеска е прогласен за МВП на сезоната 2019-2020 во Серија А.

За најдобар млад фудбалер е прогласен фудбалерот со македонско потекло, Дејан Кулушевски (Парма).

Најдобар напаѓач е Чиро Имобиле (Лацио), најдобар играч од средниот ред е Алехандро Гомез (Аталанта), најдобар дефанзивец е Стефан де Вриј (Интер), а најдобар голман е Војчех Счесни (Јувентус).