24фудбал

Мега договор: Санчо си подал рака со Манчестер јунајтед за соработка вредна неверојатни 88 милиони фунти

Според пишувањата на Билд, Џејдон Санчо постигнал согласност со „ѓаволите“ за петгодишен договор и плата од 340.000 фунти неделно.

Англија

Џејдон Санчо ќе стане еден од најплатените фудбалери на Манчестер јунајтед доколку ова лето се пресели на Олд Трафорд, ова денеска го пренесе Билд.

Весникот вели дека младиот Англичанец постигнал согласност со „ѓаволите“ за петгодишен договор и плата од 340.0000 фунти. Тоа значи околу 17,68 милиони фунти годишно, односно 88,4 милиони фунти за пет години.

Билд исто така додава дека оваа сума е без бонуси, што значи дека примањата на Џејдон Санчо ќе бидат уште поголеми.

Во моментов, далеку најплатен е Алекси Санчез, за кого се пишува дека има неделни примања од 560.000 фунти, па затоа Манчестер јунајтед е подготвен за без пари да го продаде Чиланецот на Интер. 

Само уште еден играч на Олд Трафорд има неделни примања над 300.000 фунти, тоа е Давид Де Хеа, кој е најплатен голман во светот со 350.000 фунти неделно.