24фудбал

Гвардиола го искористи хаосот во Валенсија и го донесе Торес на голем попуст

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на Феран Торес од Валенсија, 20-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор со англискиот клуб.

Англија

Манчестер Сити го купи младиот крилен фудбалер на Валенсија за 23 милиони евра плус 12 милиони евра во бонуси.

Валенсија мораше да продава фудбалери за да ги балансира сметководствените книги за финансискиот фер-плеј, тоа го искористи Манчестер Сити и за релативно евтина сума го купи Торес кој важи за еден од најголемите надежи на шпанскиот фудбал во моментов.

Минатата сезона тој одигра 44 мечеви за Валенсија во сите натпреварувања и постигна шест погодоци.

„Пресреќен сум што доаѓам во Сити. Секој фудбалер сака да биде инволвиран во напаѓачки тим и Манчестер Сити е еден од најофанзивните во светот на фудбалот. Пеп има многу отворен, агресивен стил, кој го сакам и тој е тренер кој докажал дека знае како да ги развива фудбалерите. Да се развивам под негово водство е сон за мене. Сити освои многу трофеи во последните десет години и се надевам дека ќе дадам допринос за уште успеси“, изјави Торес по потпишувањето на договорот.