24фудбал

Хетафе промаши пенал, Интер е во четвртфинале, Манчестер јунајтед и со втор тим подобар од ЛАСК (ВИДЕО)

Интер се пласираше во четвртфинале од Лига Европа откако со 2-0 го совлада Хетафе во Гелзенкирхен, Манчестер јунајтед го потврди настапот на Ф8 со нов триумф над ЛАСК Линц.

Лига Европа

Пандемијата на коронавирус спречи Интер и Хетафе да ги одмерат силите во март, па вечерва, еден меч во Гелзенкирхен решаваше за патникот во осминафинале.

Интер на крајот беше поуспешен и со 2-0 славеше над клубот од предградието на Мадрид, кој има за што да жали откако Молина промаши пенал за 1-1. 

Резултатот беше отворен во 33. минута, Бастони испрати долга топка, Лукаку одлично се снајде и погоди за 1-0. 

Во 75. минута, Годин играше со рака во шеснаесетникот, судијата не забележа, но ВАР реагираше и беше досудена најстрога казна. Молина ја превзеде одговорноста, но биеше лошо крај голот.

Дилемите ги реши Ерикесен во 83. минута, Данецот кратко по влегувањето во игра реализираше за 2-0 по една неспретна реакција на одбранта на Хетафе.

На вториот натпревар од 21 часот, Манчестер јунајтед и со втор тим беше подобар од ЛАСК Линц и со триумф од 2-1 го потврди настапот на Ф8 турнирот во Германија.

Гостите од Австрија поведоа во 55. минута, Висингер неодбранливо пласираше од 20 метри, но кратко беа во предност. 

Лингард изедначи на 1-1 во 57. минута, а Марсијал во финишот ја затресе мрежата за 2-1.