24фудбал

Со приватниот авион на Берлускони од Хрватска пристигна првото големо засилување на Монца (ВИДЕО)

Клубот на Силвио Берлускони, Монца го купи Мирко Мариќ од Осјек за 4,5 милиони евра плус бонуси, сума која е голема за клуб од Серија Б.

Италија

Монца е нов член на Серија Б, клубот предводен од Силвио Берлускони и Адриано Галијани со начинот на кој почна да се засилува најави високи амбиции и во второлигашкото друштво.

Денеска им пристигна првото засилување, со приватен авион од Хрватска во Монца допатува играчот на Осјек, Мирко Мариќ.

Тој постигна 22 гола во 40 меча за Осјек оваа сезона и има два настапи за сениорската репрезентација на Хрватска, тој има и босански пасош.

„Скај Спорт Италија“ пишува дека трансферот е вреден 4,5 милиони евра плус бонуси во зависност од перформансите. Тоа е голема сума за второлигаш.

Берлускони кој преку 30 години беше претседател на Милан, сега сака со Монца да му се врати на елитниот фудбал.