24фудбал

Додека Зидан ги прави последните подготовки за клучниот меч со Сити, Бејл си игра голф! (ВИДЕО)

Герет Бејл одби да патува за Манчестер за реваншот помеѓу Реал и Манчестер Сити во Лигата на шампионите, Велшанецот попладнево беше уловен како игра голф во Мадрид.

Лига на Шампиони

За нешто повеќе од еден час, Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите на Етихад и ќе се борат за четвртфинале во Лигата на шампионите и пласман на Ф8 турнирот во Португалија.

Герет Бејл не е дел од експедицијата на „кралевите“, Зинедин Зидан синоќа кратко одговори дека Велшанецот не сакал да игра против „граѓаните“. Медиумите потоа објавија дека фудбалерот всушност одбил да патува во Манчестер бидејќи знаел дека нема шанса да биде инволвиран во мечот.

И додека Зизу денеска ги правел последните подготовки за клучниот меч, камерите го уловија Герет Бејл како се релаксира со партија голф во Мадрид.