24фудбал

ПСЖ го бие тежок малер, сериозна повреда заработи и тренерот Тухел!

„Светците“ пријавија нова повреда во пресрет на дуелот со Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампиони, овој пат настрадал тренерот Томас Тухел.

Франција

ПСЖ очигледно го бие тежок малер. Работите трнгаа на лошо уште на првиот натпревар по ре-старот на сезоната. Килијан Мбапе лошо го извитка скочниот зглоб против Сент Етјен и практично нема шанси да се појави на мечот со Аталанта во Лигата на шампиони.

Потоа следуваа уште неколку повреди и под знак прашалник за четвртфиналето се и Марко Верати, Лавин Курзава и Тило Керер.

„Светците“ сега пријавија нова повреда, овој пат настрадал тренерот Томас Тухел кој има дисторзија на скочниот зглоб и фрактура на петтата метатарсална коска на стапалото.

Ова е прилично сериозна повреда, фудбалерите одат на операција и паузираат неколку месеци, но Германецот сигурно нема да оди под нож и ќе се лекува конзервативно. Тој сепак нема да може да стои крај аут-линијата како на претходните натпревари, и ќе мора често да седи на столчето.