24фудбал

Сликата од Зидан и Гвардиола на Етихад која стана хит на социјалните мрежи (ФОТО)

Фоторепортерите ги уловија Зинедин Зидан и Пеп Гвардиола како разговараат по мечот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Лига на Шампиони

Зинедин Зидан за прв пат во кариерата беше елиминиран од Лигата на шампионите, претходно три пати по ред го освојуваше големиот трофеј. Пеп Гвардиола излезе како победник во дуелот со Французинот.

А по мечот двајцата тренери сами на Етихад разговараа. Камерите ги уловија, а сликите станаа вирални.

„Сакав да му честитам за титулата во Примера. Да го прашам за фамилијата, ништо посебно. Се надевам дека некој ден ќе може да имаме вечера и да разговараме повеќе“, изјави Гвардиола запрашан за разговорот со Зидан.