24фудбал

Борец за прв пат го победи Вардар во Скопје

Борец ја искористи ситуацијата на Вардар и за прв пат во својата историја славеше против црвено-црните во Скопје, тие победија со 1-0.

Македонија

Почна новата сезона во Македонската прва лига, Вардар можеби и очекувано стартуваше со пораз, Борец победи на Арената „Тодор Проески“ со 1-0.

Вардар без десетина играчи од ланскиот состав, со фудбалери кои не се воиграни и кои подоцна ги почнаа подготовките не можеше ни да очекува повеќе.

Клучниот момент се случи на почетокот од втората минута кога по една одлична асистенција од Фернандо, Радовиќ постигна гол кој значеше победа за Борец.

Борец имаше неколку убави шанси и да си замине со поубедлива победа, но не ги искористи.

Вардар најубавата можност ја имаше во 56. минута преку Дарко Мицевски кој од слободен удар биеше силно под пречката, но Мустафа го одбрани неговиот шут.

Останатите пет дуели од првото коло се играат утре со почеток од 17:30 часот.