24фудбал

Пирло ќе биде нов тренер на Јувентус!?

Италијанските медиуми тврдат дека Андреа Пирло ќе биде назначен за нов тренер на првиот тим на Јувентус откако Маурицио Сари денеска доби отказ.

Лига на Шампиони

„Скај Спорт Италија“ тврди а споделуваат „Кориере ди Торино“ и „Кориере дела Сера“ дека раководството на Јувентус донело одлука за нов тренер, довербата за наследник на Сари ќе му ја даде на Андреа Пирло.

Назначувањето на Пирло е коцкање за раководството на Јувентус бидејќи легендарниот фудбалер нема тренерско искуство.

Тој само пред една недела беше назначен за тренер на тимот на Јувентус до 23 години кој игра во Серија Ц.

Сепак раководните луѓе на клубот добро го познаваат Пирло и веројатно сметаат дека пред него е голема тренерска иднина која треба да почне токму од Јувентус.

Италијанските медиуми очекуваат вечерва или во текот на утрешниот ден Пирло и официјално да биде промовиран за нов тренер на Јувентус.