24фудбал

Познати се составите, Елмас од клупата ќе го почне мечот со Барселона (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас не е во стартниот тим на Наполи за вечерашниот дуел со Барселона.

Лига на Шампиони

Наполи вечерва и гостува на Барселона во реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, првиот дуел заврши 1-1.

Инсиње успеа навреме да се опорави и се најде во стартниот состав, Елмас ќе чека шанса од клупата.

Гатузо се одлучи за следниот стартен состав: Оспина, Ди Лоренцо, Манолас, Кулибали, Марио Руи, Фабиан, Деме, Зиелински, Каљехон, Мертенс и Инсиње.

Кике Сетиен ќе почне со следните фудбалери: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ленгле, Жорди Алба, Де Јонг, Серхи Роберто, Ракитиќ, Гризман, Меси и Суарез.