24фудбал

Официјално: Јувентус го назначи Андреа Пирло за нов тренер

Најавите на италијанските медиуми се потврдени, Јувентус и официјално го назначи Андреа Пирло за нов тренер на првиот тим.

Италија

Легендарниот Андреа Пирло за прво тренерско искуство ќе го има никој друг туку Јувентус. Клубот од Торино вечерва објави дека тој е наследникот на Сари.

„Андреа Пирло ќе биде новиот тренер на Јувентус. Тој денеска потпиша двегодишен договор со траење до 30 јуни 2022 година“, стои во дел од соопштението на Јувентус.

Пирло пред една недела беше назначен за тренер на Јувентус У23 кој настапува во Серија Ц, но денеска е прекомандуван во тренер на првиот тим.