24фудбал

И двајцата позитивни случаи на ковид-19 во Атлетико Мадрид се фудбалери!

„АС“ дознава дека двата позитивни случаи на коронавирус во таборот на Атлетико Мадрид се фудбалери, се стравува дека има повеќе заразени.

Лига на Шампиони

Атлетико Мадрид е во проблеми пред продолжението од Лигата на шампионите, клубот соопишти дека има позитвни случаи на коронавирус во својот тим.

Тие не кажуваа дали се работи за лица од персоналот или фудбалерите, но според весникот „АС“ двајцата позитивни на тестот се играчи.

Клубот бара приватност и засега не ги соопштува имињата на играчите. Двајцата се изолирани од останатите, но се стравува дека можно е да има и други заразени.

Атлетико Мадрид денеска требаше да патува во Лисабон, но летот го одложи за вторник бидејќи ќе им биде направен уште еден тест на сите играчи. Се очекува уште во текот на денешниот ден да биде познато дали има и други заразени.

Натпреварот на Атлетико Мадрид против Лајпциг е закажан за во четврток.