24фудбал

Силекс дозна којa ќе им биде следна пречка ако го изненадат Карабах

Ако Силекс го помине Карабах ќе игра со Шериф Тираспол од Молдавија или Фола Еш од Луксембург.

Македонија

Македонскиот претставник во квалификациите од Лигата на шампионите, Силекс го дозна можниот противник за следната квалификациска рунда.

Тие прво играат на гостински терен кај Карабах, а ако го поминат ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Шериф Тираспол и Фола Еш.

Дуелите од првото квалификациско коло се играат на 18/19 август, а натпреварите од второто квалификасико коло на програмата се седум дена подоцна.

Силекс би бил домаќин на евентуалниот дуел од второто коло, но неизвесно е каде би се играл мечот поради пандемијата на коронавирус.

Во квалификациите се игра само по еден дуел.