24фудбал

Си поднесе оставка по само 31 ден, Сколс сега треба да му плати на Олдам

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс го изгуби правниот спор со Олдам и сега треба да плати значителна сума на пари за тоа што си замина по само 31 ден.

Англија

Во февруари 2019, Пол Сколс ја имаше првата права работа како тренер и го превзеде кормилото на Олдам. Но неговата авантура кратко траеше, тој си поднесе оставка по само 31 ден.

Легендата на Манчестер јунајтед се правдаше дека лидерите на клубот му се мешале во рабоата, иако добил гаранции дека ќе има одврзани раце.

Целиот случај доби правна развршница, а судот одлучи дека Пол Сколс имал целосна контрола врз тимот, неосновано го раскинал договорот, па сега треба да плати оштета.

Медиумите од Англија пренесуваат дека се работи за значителна сума, точната бројка не е позната, но наводно се работи за исплата со пет цифри.