24фудбал

Азербејџан е судбина за македонските клубови, Шкупи, Ренова и Шкендија ги дознаа противниците за ЛЕ

Македонските претставници во квалификациите од Лига Европа, Шкупи, Ренова и Шкендија ги дознаа противниците за првото коло.

Лига Европа

Дури три од четирите македонски клубови кои играат квалификации во европските натпреварувања, ќе се сретнат со екипи од Азербејџан.

Покрај Силекс кој во квалификациите за ЛШ игра против Карабах, противници од Азербејџан добија и Шкупи и Шкендија.

Шкупи ќе игра против Нефчи, а Шкендија ќе се сретне со Сумгајт Сити.

Азербејџански тим нема само за Ренова која ќе игра против Алашкерт од Ерменија.

Македонските екипи се гости на сите средби, дуелите се закажани за 27 август, а каде точно ќе се играат се уште не се знае поради ситуацијата со ковид-19.

Квалификации за Лига Европа:

Нефчи (Азербејџан) - Шкупи

Алашкерт (Ерменија) - Ренова

Сумгајт Сити (Азербејџан) - Шкендија