24фудбал

Од фудбалерите кои Реал ги стави на продажба може да се направи страшен тим (ФОТО)

Пандемијата на коронавирус и неуспехот во Лигата на шампиони ќе донесе големи промени на Сантијаго Бернабеу, на продажба ќе се најдат многу фудбалери а од нив може да се направи страшен тим.

Шпанија

Реал Мадрид стигна до титулата во Ла Лига, но потфрли во Лигата на шампиони, па летово ќе има реконструкција на тимот. Поради пандемијата на коронавирус и кризата, главен акцент ќе се стави на продажбата, а од имињата кои се на листата за „отстрел“ може да се направи страшен тим, на кој ќе му фали само голман (Ареола ќе замине, но тој е на позајмица од ПСЖ).

За 40 милиони евра, веќе е продаден Ашраф Хакими на Интер, а на излезна врата е и левиот бек Серхио Регилон, кој по одличните настани на позајмица во Севиља, го привлече вниманието на неколку клубови.

Нов клуб се бара и за централните дефанзивци Начо и Хесус Ваљехо. Првиот е четврта опција, а вториот најпрво играше на позајмица во Волвс, за потоа во јануари да биде испратен на позајмица во Гранада, каде добро се снајде и сака да остане

Во средниот ред, се бара купец за Иско и Дани Себаљос, кој имаше солидна сезона на позајмица во Арсенал. Исто така, Лука Модриќ има одврзани раце да одлучи дали ќе замине или ќе ја одработи последната година од договорот.

Во нападот, со месеци се пишува дека авантурата на Лука Јовиќ во Мадрид кратко ќе трае и тој ќе биде продаден, а куферите треба да си ги пакуваат и Герет Бејл и Хамес Родригез, иако тешко се наоѓаат клубови кои ќе ја плати сумата која ја бара Реал Мадрид.

Не само што може да се состави страшен од фудбалерите кои се на излезна врата, може да се креира и страшна клупа.

Такефуза Кубо ќе биде испратен на нова позајмица, Мартин Одегард треба да остане уште една година на позајмица во Реал Сосиедад, а на позајмица ќе биде испратено и 30 милиони вредното засилување Реиниер, кој во моментов игра за резервниот тим. Ќе се решава и иднината на Брахим Диаз и Маријано Диаз, на кои Зидан не смета сериозно, како и на Борха Мајорал, кој две години беше на позајмица во Леванте. Ако пристигне примамлива понуда, може да замине и Лукас Васкез.