24фудбал

Аврамовски си замина од Вардар, од клубот му посакаа понатамошни успеси (ФОТО)

Продолжува егзодусот во најтрофејниот македонски фудбалски клуб, кој поради беспарицата едвај „скрпи“ состав за новата сезона во нашиот домашен фудбалски шампионат.

Македонија

Кризата во Вардар си го стори своето, а 25 годишниот офанзивец Даниел Аврамовски е последен во низата значајни фудбалери на „црвено-црните“ кој си замина од клубот, за што веќе има и официјална потврда.

Аврамовски беше двигател на играта на Вардар ланската сезона во која на 22 меча успеа да запише 10 погодоци, како и уште 6 асистенции, во клубот од Скопје пристигна лани во февруари.

Засега останува енигма каде би продолжил Аврамовски, а доколку се навратиме неколку месеци претходно, тој во јануари, во изјава за „АренаСпорт“ не криеше дека посакува да се врати во составот на српскиот првак Црвена звезда, каде не успеа да се наметне најмногу поради проблемите со повредите.

Што се однесува до разделбата со Вардар, од клубот и официјално потврдија за оваа вест, а на Аврамовски му посакаа успеси во понатамошниот дел од неговата кариера.

Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интеграелн дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера“ стои во дел од објавата на „црвено-црните“ на социјалните мрежи.