24фудбал

Ливерпул тргнува по Рудигер?

Помалку изненадувачка вест пренесе „Мундо Депортиво“, што би можело да доведе до голем трансфер во Премиерлигата, односно засилување за шампионот од „Енфилд“.

Англија

Ливерпул е заинтересиран за дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер, известува „Мундо Депортиво“, а останува дилемата дали 27 годишниот Германец е во плановите на шефот на стручниот штаб на Челси, Френк Лампард за идната сезона.

Нема дилеми дека Рудигер имаше бледо издание изминатата сезона во Премиерлигата, впрочем огромни беа проблемите за Лампард во дефанзивната линија која прими дури 54 погодоци, најмногу од сите клубови кои се пласираа до десеттото место на табелата.

Челси има богат буџет за засилувања за идната сезона, составот од Лондон на големо се подготвува барем да се обиде да се замеша во битката за титулата во Премиерлигата, но како и да е, за големите фудбалски имиња кои се поврзуваат со Челси изминатиов период, клубот несомнено ќе мора и нешто да продаде, а веројатно е дека постои опција за таков исход од настаните со Рудигер кој е во Челси од 2017. година, со важечки договор до 2022. година.