24фудбал

Нејмар зема плата колку целиот тим на Аталанта

ПСЖ против Аталанта е првиот меч од Ф8 турнирот во Лигата на шампиони, а во пресрет на натпреварот, медиумите извадија интересен податок, Нејмар зема плата колку целиот тим на „нероаѕурите“ од Бергамо.

Лига на Шампиони

Аталанта има сезона од соништата, веројатно ниту најголемите оптимисти помеѓу фановите не сметаа дека „нероаѕурите“ од Бергамо ќе бидат единствениот клуб од Италија во четвртфиналето од Лигата на шампионите, кое оваа година има поинаков формат поради пандемијата на коронавирус.

Завршницата од најелитното европско натпреварување ќе се игра со Ф8 турнир во Лисабон, а токму ПСЖ против Аталанта е првиот меч на програмата.

Натпреварот се игра во среда, а во пресрет на пресметката, медиумите извадија интересен податок.

Нејмар зема плата колку целиот тим на Аталанта. Бразилецот по преселбата во Париз си обезбеди богат договор и годишни примања од 36 милиони евра. Во редовите на Аталанта, најплатени се Гомез, Иличиќ и Запата со примања од 1,2 милиони евра по сезона, плус бонуси.