24фудбал

Манчестер јунајтед ќе се „теши“ за Санчо со Киеза или Коста

Двоецот од Серија А има далеку помала вредност на трансфер пазарот отколку Санчо, за кого „Црвените ѓаволи“ мораа да издвојат 100 милиони евра, веројатно е дека предност има талентираниот Киеза.

Англија

Откако од врвот на Борусија Дортмунд испратија и официјално известување дека Џејдон Санчо останува во клубот, барем такви им се плановите, Манчестер јунајтед сега ќе мора да се префрли на другите желби кои ги има на својот список за засилувања.

Од поодамна е познато дека „Црвените ѓаволи“ се заинтересирани за Федерико Киеза од Фиорентина, како и Даглас Коста од Јувентус, а се чини дека шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот, Оле Гунар Солшер ќе бира токму од претходно наведениот двоец.

Нашиот план е да го имаме Санчо и оваа сезона, одлуката е финална, сметам дека тоа е одговор на сите ваши прашања, ланското лето ја зголемивме платата на Санчо со оглед на неговиот развој и перформанси, така го имаме договорено до 2023. годинабеше прецизен во својата изјава директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.

Ова значи дека Манчестер јунајтед ќе мора да го насочи своето внимание во Серија А, кога е во прашање засилување на десната крилна позиција, а тоа се 22 годишниот Киеза, кој на трансфер пазарот има вредност од околу 60-70 милиони евра, како и 30 годишниот Коста, кој веројатно е алтернативна опција која вреди помеѓу 30-40 милиони евра.