24фудбал

Милнер повеќе нема да игра лев бек, Ливерпул го промовираше Гркот Цимикас

„Црвените" вечерва го потврдија провото засилување за новата сезона, на Енфилд пристигнува Костас Цимикас за 11,75 милиони фунти, Гркот ќе биде замена за Енди Робертсон на позицијата лев бек.

Англија

Ливерпул го комплетираше трансферот на Костас Цимикас од Олимпијакос, 24 годишниот Грк стави потпис на петгодишен договор. Тој ќе трбеа да биде замена за Енди Робертсон на позицијата лев бек и за неговите услуги се платени околу 11,75 милиони фунти.

„Горд сум што пристигнав тука. За мене, Ливерпул е најголемиот клуб во светот. Сакам да ги оствариме зацртаните цели, повторно да триумфираме во Премиерлигата и да ја освоиме Лигата на шампионите“ - вели Костас Цимикас.

За првото засилување за новата сезона, Јирген Клоп вели: „Долго време ги следевме неговите игри и среќни сме што ни се придружи. Се работи за навистина добар фудбалер кој сака да се надигрува и да победува, ми се допаѓа неговиот менталитет. Перфектно се вклопува со атмосферата во нашата соблекувална“.

Ливерпул нема вистинска замена за Енди Робертсон, па кога Шкотот беше повреден или му требаше одмор, Џејмс Милнер принудно пополнуваше на таа позиција.