24фудбал

Интер го помина Леверкузен и се пласира во полуфинале, мечот беше решен во девет минути (ВИДЕО)

Интер со 2-1 славеше против Баер Леверкузен и се пласираше меѓу четирите најдобри во Лига Европа.

Лига Европа

Интер ја оправда улогата на благ фаворит и се пласираше во полуфиналето од Лига Европа. Сите погодоци беа постигнати по само 25 минути игра.

Сите три погодоци беа постигнати за само девет минути игра.

Барела го отвори резултатот со убав шут во 15. минута, а Лукаку зголеми на 2-0 две минути подоцна. Хаверц во 24. минута погоди за 2-1, но тоа беше се што направи Леверкузен.

Во полуфиналето Интер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шахтар и Базел.