24фудбал

Манчестер јунајтед со гол од пенал во продолженија го скрши отпорот на Копенхаген (ВИДЕО)

„Ѓаволите“ се помачија но се пласираа во полуфинале од Лига Европа, со голот од пенал во продолжението од мечот, Манчестер јунајтед славеше против Копенхаген со 1-0.

Лига Европа

Избраниците на Оле Гунар Солшер беа голем фаворит пред почетокот на натпреварот, но Копенхаген не се предаде лесно и долго време одолеваше на нападите. Отпорот беше скршен по пет минути игра во продолжението.

Марсијал беше соборен во шеснаесетникот, а Бруно Фернандеш од пенал донесе 1-0.

Претходно двата тима имаа свои прилики а позрели беа шансите на „ѓаволите“. Гринвуд во финишот на првиот дел ја затресе мрежата но голот беше поништен со ВАР поради офсајд. Во второто полувреме, Бруно Фернандеш ја погоди рамката од голот.

Манчестер јунајтед во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Севиља и Вулверхемптон.