24фудбал

Реал го повлече првиот потег по елиминацијата од Лигата на шампиони, во Мадрид се враќа Одегард

Пет ипол години по преселбата на „Сантијаго Бернабеу“, Мартин Одегард ќе добие права шанса од Реал, Зинедин Зидан смета дека Норвежанецот е подготвен за предизвикот и побарал да се врати во Мадрид.

Шпанија

„Кралевите“ го повлекоа првиот потег по елиминацијата од Лигата на шампиони, во Мадрид се враќа Мартин Одегард.

Како 16-годишно чудо од дете, Норвежанецот се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ во 2015, но никогаш не доби права шанса. Во белиот дрес има само половина час во Ла Лига, и еден натпревар во Копа дел Реј, за потоа да биде испратен на позајмица во Херенвен, Витезе и Реал Сосиедад.

На „Аноета“ тој прикажа солидни партии изминатава сезона, на Зинедин Зидан му се допаднало она што го видел, смета дека офанзивниот фудбалер е подготвен за предизвикот и побарал од раководството на Реал Мадрид да го врати Мартин Одегард.

Па двата клуба сега ги пеглаат последните детали со оглед на тоа дека Реал Сосиедад имаше опција да го задржи Мартин Одегард на позајмица уште една сезона.