Категорија: Англија 11.08.2020 16:01
Се чинеше дека Џејдон Санчо е многу блиску до потпис со Манчестер јунајтед, но синоќа Борусија Дортмунд излезе со јасен став дека тој останува кај нив и следната сезона.
Сепак Харгривс смета дека тоа е само блеф на Дортмунд за да го натера Манчестер јунајтед подлабоко да бркне во џебот и да ја плати сумата од 105 милиони фунти која Германците ја посакуваат.
„Блеф. Сметам дека ова е само блеф, мислам дека Санчо за многу кратко време ќе биде играч на Манчестер јунајтед“, вели Харгривс.
„Тие се обидуваат само да добијат повеќе пари. Тоа е природата на ѓаволот“.
„Тие јасно знаат дека Јунајтед е навистина заинтересиран и играат цврсто во преговорите. Мислам дека блефираат и знаат дека тој ќе замине ако тие ја добијат сумата која ја сакаат“.
Борусија Дортмунд го купи Санчо во 2017 година од Манчестер Сити за сума од 10 милиони фунти, сега сакаат да го продадат за речиси 100 милиони фунти повеќе.