24фудбал

Има нешто или чиста случајност? Лео Меси купул луксузен пентхаус во близина на канцелариите на Интер!

По веста дека таткото на Лео Меси купил куќа во Милано, медиумите од Италија сега пишуваат дека и самиот фудбалер купул имот во градот на модата, се работи за луксузен пентхауз во близина на канцелариите на Интер.

Италија

Изминативе неколку недели често се пишува за преселба на Лео Меси во Интер, гласините започнаа откако таткото на Аргентинецот купи куќа во Милано. Од таборот на „нероаѕурите“ во неколку наврати порачаа дека е невозможно да го ангажираат напаѓачот на Барселона, но гласините никако да престанат.

Весниците сега добија нова муниција за шпекулации откако и самиот Лео Меси купил имот во градот на модата.

Како што пренесуваат голем број на извори, Лео Меси купил луксузен пентхаус во екслузивната област Порта Нуова. Интересно, и овој објект се наоѓа во непосредна близина на канцелариите на Интер.

Дали се подготвува спектакуларен трансфер или се работи за чиста случајност, останова да се види.

Италија пред неколку години направи промена во даночните закони, странците имаат големи повластувања и се верува дека тоа е главната причината зошто Хорхе Меси обезбеди живеалиште во Милано.

Од друга страна, договорот на Лео Меси со Барселона истекува во 2021 година и во моментов преговорите се стопирани поради заладениот однос на Аргентинецот со раководството на клубот.