24фудбал

Премиерлигата го дисквалификуваше шампионот на Фантази поради мистериозно прекршување на правилата!

На победникот од штотуку завршената сезона во Фантази Премиерлигата му беше одземена титулата, а истата врачена на второпласираниот натпреварувач во генералниот пласман, повеќе теории се појавија низ медиумите за причините за ваквиот исход.

Останато

Бугаринот Александар Антонов веќе завршената сезона во Фантази Премиерлигата ја заокружи со 2,572 бода, што му донесе прво место во генералниот пласман на табелата во мега популарната игра која броеше над седум ипол милиони натпреварувачи ширум светот.

Меѓутоа, на крајот титулата ја освои навивач на Саутемптон, Џошуа Бул, а од Премиерлигата кусо објаснија за причините поради ваквиот епилог на настаните.

Поради прекршување на нашите услови, тимот кој го освои првото место е отстранет од игратастои во објаснувањето од Фантази Премиерлигата.

Познато е дека Фантази Премиерлигата е доста популарна ширум светот, а наградата за освојувачот на титулата носи ВИП сместување на два меча по избор во Преиерлигата за идната сезона, со тоа што сите трошоци, вклучително и патувањето се подмирени.

Утрово, шампионот  се огласи на социјалните мрежи, веројатно и самиот зачуден од исходот: За сите кои твитнуваат, јас не знам што се случува, добив имејл од ФПЛ утрово во кое ме известуваат дека сум победил!, но, не знам зошто, навистина ова не е начинот на кој сакав да победам, навистина немам доволно информации за сево ова, напиша тој во пораката, а се огласи и Бугаринот Антонов кој најави обраќање на социјалните мрежи за вечерва каде ќе обзнани што се случило, од негова перспектива, првично оградувајќи се од било какви шпекулации дека мамел на играта.



Ова е лесно, не, не сум се ни обидел да мамам во играта која ја играм за забава“ одговори Бугаринот на клучното прашање дали имал составено повеќе тимови на играта, за што додаде дека ќе има и јавно обраќање вечерва. 

Со оглед на огромната популарност на играта, сосема разбирливо медиумите се заинтересираа за оваа тема, а на социјалните мрежи дури се шпекулира и дека причината за одземањето на титулата на Антонов е поради наводно негови расистички коментари на социјалните мрежи за ѕвездата на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг