24фудбал

Двајца заразени со Ковид-19 во Валенсија

Само ден откако се вратија на клупските обврски во предсезонските подготовки, веќе двајца членови на шпанскиот прволигаш добија позитивни тестови за коронавирусот.

Шпанија

Нови позитивни на тестирањата за коронавирус во фудбалска Шпанија, по оние во Атлетико Мадрид каде позитивни имаше двајца, и тоа фудбалери, овој пат идентична бројка заразени доаѓа од Валенсија.

Од шпанскиот прволигаш денеска и официјално ја потврдија оваа вест, додавајќи дека двете лица се веќе во самоизолација во сопствените домови, а нивниот идентитет засега е непознат за пошироката јавност.

Претходно, Анхел Кореа и Шиме Врсаљко беа фудбалерите кои се здобија со вирусот во редовите на Атлетико Мадрид, меѓутоа што се однесува до Валенсија, не е познато дали заразените се од фудбалскиот, или не-фудбалскиот персонал.