24фудбал

Плејмејкерот на Копенхаген имаше интересна конверзација со Солшер (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед успеа да обезбеди место помеѓу четирите најдобри екипи во Лига Европа сезонава, противник во полуфиналето на „Црвените ѓаволи“ ќе им биде подобриот од вечерашната пресметка помеѓу Вулверхемптон и Севилља.

Англија

Со голот од пенал, дело на Бруно Фернандеш, Манчестер јунајтед синоќа успеа со крајни напори да го скрши отпорот на Копенхаген во четвртфиналето од Лига Европа, а по крајот на мечот, камерите регистрираа и една мошне интересна конверзација.

Шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер, по мечот разговараше со плејмејкерот на Копенхаген, Хозе Зека, а во разговорот Норвежанецот јасно посочи кој е главниот виновник за последните успеси на неговиот тим кој јасно е дека се развива во брз ритам.

Ти благодарам многу за сето тоа што го стори во Манчестер“ му рече Зека на Солшер, очигледно тој е голем навивач на „Црвените ѓаволи“, а веднаш по тие негови коментари, следеше и одговор од Солшер.

Се обидуваме да се вратиме, тој (Фернандеш) ни помага, ова момче ни помага“ му возврати Норвежанецот.