24фудбал

Лаказет во Јувентус, Коста во Арсенал?

Во Арсенал на големо се подготвуваат добро да го одврзат ќесето за да го задржат во сопствените редови првата ѕвезда во тимот, Пјер-Емерик Обамејанг, меѓутоа за омилениот партнер на Габонецот во нападот на таа екипа веројатно е дека нема загарантирано место.

Англија

Арсенал би можел да се раздели со својот напаѓач Александре Лаказет ова лето, а наводно „Топчиите“ не би имале ништо против за трампа во која би го добиле фудбалерот на Јувентус, Даглас Коста.

Од италијанскиот првак се во активна потрага по напаѓач на трансфер пазарот, а „Д Атлетик“ пишува дека францускиот напаѓач од составот на Арсенал би бил достапен за околу 35 милиони евра.

Актуелниот договор на Лаказет со Арсенал истекува во 2022. година, но се верува дека Премиерлигашот е подготвен да разговара со заинтересираните страни за неговиот потпис уште ова лето.

Од Јувентус наводно се подготвени да го понудат Даглас Коста или Кристиан Ромеро во обидите да се убеди шефот на стручниот штаб на „Топчиите“, Микел Артета да даде зелено светло.