24фудбал

Шампионот на Фантази Премиерлигата бил „предаден“ од пријател: Повредено му е егото, не ми мисли добро

Како што е познато, Премиерлигата го дисквалификуваше шампионот во Фантази Премиерлигата која изминатата сезона броеше близу осум милиони натпреварувачи ширум светот, од кои осум илјади се од Македонија.

Останато

Постоеа многу шпекулации околу причините зошто Бугаринот Александар Антонов ја загуби титулата по „административен пат“, откако од Премиерлигата кусо објаснија во соопштението дека по темелните разгледувања дошле до заклучок дека има прекршувања на нивните правила.

Како и да е, самиот Антонов, како што и најави имаше видео обраќање на социјалните мрежи, во кое објасни за што станува збор, а се потврди дека причината за неговата дисквалификација е главно поради расистички коментари од негова страна на сметка на ѕвездата на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг, и тоа на социјалните мрежи, поточно во приватна комуникација со свои пријатели.

Некако, на некој начин работи кои сум ги кажал во приватна комуникација на Фејсбук со пет мои пријатели дошле до Премиерлигата, како одговор на сево ова, од таму одлучија да ме отстранат како победник и да ми ги одземат освоените бодови изминатата сезона“ објаснува Антонов.

Сосема е непотребно да објаснувам или потврдувам што содржеше тој разговор, а верувајте дека ништо не е различно од повеќето фудбалски дискусии и разговори, причината за мојата дисквалификација е момент на фрустрација со фудбалер кој беше ставен во тие коментари, дискутирано помеѓу пријатели, без никакви причини некој да биде навреден, на било која основа“ додаде Бугаринот.

Дисквалификуван сум бидејќи сево ова е излезено од контекст, од една мала бугарска приватна дискусија со личност која сигурно не ми посакува добро во мојот живот, а направи да личам на нешто што не сум за Премиерлигата, не велам дека главната причина е расизам, но личноста која ме пријави го има истото коментирано додека сме гледале фудбалски натпревари заедно, премногу им давате внимание на губитници, неговото его е повредено, однесувањето беше објаснето во две страни од страна на Премиерлигата, а јас ја почитувам одлуката, никогаш не сум имал намера никого да навредам“ заклучи Антонов.


Во меѓувреме, титулата за шампион на Фантази Премиерлигата од сезоната 2019/20 му е доделена на студент на универзитетот Оксфорд, а се бави со истражувања околу ракот, Џошуа Бул, инаку навивач на Саутемптон, кој и самиот на социјалните мрежи посочи дека е изненаден од ваквиот епилог.

Како за потсетување, Стерлинг беше дел од националниот состав на Англија на пресметката против Бугарија во Софија лани, меч кој беше на два пати стопиран поради расистичко однесување на домашната публика.