24фудбал

Тухел: Подготвени сме, но тешко е да се игра против Аталанта, тие имаат уникатен стил

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел вели дека неговиот тим е подготвен за продолжението од Лигата на шампионите, но смета дека Аталанта нема да биде нималку лесна задача за нив.

Лига на Шампиони

Вечерва ПСЖ ќе влезе како фаворит против Аталанта во дуелот од Лигата на шампионите, но тренерот Тухел знае дека Аталанта не е наивен тим.

„Тешко е да се игра против Аталанта. Ова е голем предизвик, можно е се да се случи“, вели Тухел.

„Аталанта има уникатен стил на игра, еден на еден по целиот терен. Напаѓаат со седум играчи во противничката половина. Ќе биде тактички меч, но исто и психолошки натпревар. Тие постигнуваат многу голови и се одличен тим. Има шанси да наоѓаме празнини, но треба да одиграме добро“.

Тухел вели дека притисокот врз Нејмар е секогаш голем бидејќи сите го гледаат како главна ѕвезда кој треба да ја направи разликата.

„Секогаш има голем притисок врз Нејмар. Не можете да замислите колкав е притисокот врз Неј. Но тој го сака тоа, знае како да игра под притисок“.

„Тој ги сака големите натпревари. Нејмар е играч на кого можете да му верувате во овие натпревар. Уверен сум дека ќе има одличен перформанс, клучевите за успех се кај него, има менталитет за вакви ситуации“.