24фудбал

Барселона има фудбалер позитивен на коронавирус

Барселона соопшти дека има играч кој е позитивен на ковид-19, но тој не е еден од оние кои патуваат во Лисабон на дуелот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Шпанија

Барселона соопшти дека има фудбалер позитивен на коронавирус но не го откри неговиот идентитет.

„Имаме еден позитивен случај во група од девет фудбалери кои денеска ги почнуваат подготовките за идната сезона. Фудбалерот нема симптоми е и во добра состојба, тој е во домашна самоизолација. Тој не бил во контакт со играчите кои патуваат во Лисабон на мечот од Лигата на шампионите“, стои во дел од соопштението на Барселона.

Девете фудбалери кои ги почнуваат подготовките за следната сезона се: Тринкао, Педри, Матеус Фернандес, Муса Ваге, Жан Клер Тодибо, Карлес Алења, Рафиња, Хуан Миранда и Ориол Бускетс. Па позитвниот е еден од нив.