24фудбал

Трагедија во Германија: Воз прегази хрватски младински репрезентативец

Тешка несреќа се случила во округот Еслинген во Баден Вуртемберг во Германија, каде загина 16-годишниот хрватски фудбалер Лука Лучиќ откако го прегазил воз додека се возел со велосипед.

Останато

Хрватскиот фудбал загуби талент, Лука Лучиќ кој играше за нивната репрезентација до 17 години доцна синоќа бил прегазен од воз.

Трагедијата се случила кога Лука сакал да ја премине пругата која била обележана со сигнализација, тој кога го видел возот веќе било доцна. Машиновозачот се обидел да закочи, но не успеал да избегне судар.

Младиот фудбалер со хеликоптер бил пренесен во болница во тешка состојба, му била укажана лекарска помош, но таа не била доволна, за кратко време била констатирана смрт.

Лука Лучиќ има три настапи за репрезентацијата на Хрватска до 17 години, тој живеел во Германија и настапувал за Штутгарт Кикерс.