24фудбал

Вулверхемптон требаше да добие одново пенал по неуспешниот обид на Хименез? (ВИДЕО)

Севиља закажа пресметка со Манчестер јунајтед во полуфиналето, а со тоа се избегна директен дуел на два Премиерлигаши во завршницата од Лига Европа, но, од Вулверхемптон негодуваат поради спорна ситуација.

Лига Европа

Сосема логично, голема е разочараноста во составот на Волверхемптон по синоќешната елиминација во четвртфиналето од Лига Европа, каде тимот предводен од Нуно Еспирито Санто доживеа минимален пораз во пресметката со Севиља.

Сигурно дека тоа што се случи во 13. минута можеше во голема мера да го промени текот на играта, меѓутоа Шпанците имаат зошто да бидат среќни, Раул Хименез не успеа да погоди од белата точка за почетно водство за Премиерлигашот по неверојатниот спринт на Адама Траоре кој го изнуди пеналот.

Како и да е, фудбалерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш,  уште за време на мечот ја увидел грешката на судиските арбитри во самото изведување на пеналот, откако Португалецот и јавно реагираше за тоа дека фудбалерот на Севиља, кој воедно ја расчисти опасноста веднаш по ударот на Хименез, Диего Карлос, предвреме влегол во казнениот простор.


Го прашав судијата дали ВАР спиеше во моментите кога се изведуваше пеналот, бидејќи фудбалерот кој потоа ја расчисти опасност предвреме беше влезен во казнениот простор“ рече Невеш по мечот.

Можеби јавноста ќе се присети, но ист ваков случај имавме и во Премиерлигата во дуелот со Манчестер Сити, така јас го прашав судијата дали тој спиел во тие моменти, а тој ми одговори потврдно, не знам зошто така ми одговори, но дефинитивно ова беше момент кој го промени мечот, доколку УЕФА донесе правила, должни сме да ги почитуваме, сево ова нема смисла...“ додаде Португалецот.

Кога сме веќе кај спорната ситуација со пеналот, вреди да се додаде и мошне контроверзната позиција на голманот на Севиља, Мароканецот Боно кој е вон својата линија.